Европскиот шампион ПСЖ со триумф над Сиетл Саундерс од 2:0 дојде до нокаут рунда на Светското клупско првенство.

Прв гол на мечот го постигна Квича Кваратскелиа во 35-та минута по асистенцијата Витиња.

Во второто полувреме во 67.минута Ашраф Хакими постигна гол по додавањето на Бредли Баркола и со тоа го постави конечниот резултат.

ПСЖ групната фаза ја заврши на првата позиција со 6 бода, исто колку и второ и трето пласираните Ботафого и Атлетико Мадрид.

Покрај францускиот тим пласман во нокаут фазата обезбеди и бразилската екипа иако загуби од Атлетико.