Во четврток навечер се одиграа два натпревари од Светското клупско првенство.
Фудбалерите на Ботафого приредија огромно изненадување, победувајќи го европскиот шампион ПСЖ со 1-0.
Иако „светците“ од Париз важеа за апсолутни фаворити, на бразилскиот тим тоа ништо не му значеше. Клучниот момент се случи во 36-тата минута кога Игор Хесус ја искористи одличната асистенција на Џеферсон Саварино .
Францускиот тим доминираше во поседот на топката и во сите офанзивни параметри, но не успеа да најде пат до мрежата, Ботафого се бранеше брилијантно и успеа да ја зачува предноста.
Претходно, во меч од оваа Б група Атлетико Мадрид го совлада американскиот Сиетл Саундерс со 3-1.
Атлетико поведе многу рано во  во 11-тата минута со погодокот на Пабло Бариос.  Веднаш на почетокот на второто полувреме (47) шпанскиот тим го зголеми водството преку Аксел Витсел. Тимот на Сиетл преку Алберт Руснак одговори со гол во 50-та минута и намали на 1-2. 
Конечните 3-1 за Атлетико ги постави Бариос со својот втор гол во 55-тата минута.
По два одиграни натпревари бразилскиот Ботафиго има максимални 6 бода, а ПСЖ и Атлетико по 3, додека Сиетл 0.
Во последното коло од Групата Б, Пари Сен Жермен ќе игра против Сиетл Саундерс, додека Ботафого ќе го брани првото место против Атлетико Мадрид.
 
             
		