АБА лигата најави промени во системот на натпревари во второлигашката конкуренција.

Во новата сезона 2025/26 ќе учествуваат 16 екипи, поделени во 4 групи врз основа на моменталниот квалитет на тимот. Овие групи се дизајнирани да обезбедат избалансирана мешавина на противници за секој клуб. Сите 16 екипи ќе го делат истиот пласман и сите ќе се натпреваруваат во истиот лигашки систем.

Секој тим ќе одигра 8 натпревари во текот на регуларната сезона

Два (2) натпревари против тимови од св8јата група, 2 натпревари против тимови од другите три групи (вкупно 6 натпревари). Секој тим ќе има 4 натпревари дома и 4 на гости.

Тимовите од иста земја нема да се соочат еден со друг во регуларната сезона. Исклучок, доколку која било земја има четири (4) клуба, дозволен е еден натпревар.

Во плејофот ќе се пласираат првите 8 екипи од регуларната сезона. Потоа следува ,,нокау” фазата (четвртфинале, полуфинале и финале. Сите три плеј-оф рунди ќе се играат во формат „подобар од 3“ (две победи]. Тимот со подобар пласман на табелата во регуларната сезона, ќе ја задржи предноста на домашен терен.

Изминатите две сезони, Македонија имаше по три свои претставници, а таба најверојатно ќе биде инсега. Шампионот МЗТ Скопје Аеродром, финалистот ТФТ и трето пласираниот Куманово би требало да го потврдат своето учество.