Мила Ѓорѓиевска го продолжи договорот со актуелниот шампион Ѓорче Петров.

Во изминатите две сезони, Ѓорѓиевска беше клучен дел од тимот, со кој освои две последователни двојни круни – титулата и купот. Нејзиното останување во клубот претставува големо засилување за шампионот во пресрет на новите предизвици.

Договорите исто ги продолжија и крилото Ризоска, пивотите Дамјановска и Велкова, голманката Флавија Габина и бекот Николиќ.

Претходно, Ѓорче Петров се засили со неколку звучни имиња, меѓу кои пивотот Трпеска, крилото Ѓеорѓиевска, голманката Јовановска, како и сестрите Коцеви.

Овие засилувања се јасен показател за амбициите на шампионот да ја задржи доминацијата на домашната сцена и да направи исчекор во европските натпреварувања.

Ивона Кимовска