Понеделнички стандардно се објавуваат најновите тениски рангирања.
На машката, АТП ранг листа, неколку промени во ТОП-10, но не на првите три позиции.
Прв е сè уште Италијанецот, Јаник Синер пред Шпанецот, Карлос Алкараз и Германецот, Александар Зверев, кој беше поразен од Американецот. Тејлор Фриц во финалето во Штутгарт вчера. Со оваа победа, Фриц скокна за три места и сега е четвртиот тенисер во светот.
Американецот ги мина Србинот, Ѓоковиќ, Британецот, Дрејпер и Италијанецот, Мусети кои се од петтото до седмото место. Американецот, Томи Пол и Данецот, Хогер Руне останаа осми и деветти, а сега во ТОП-10 е уште еден Американец, Бен Шелтон.