Македонскиот ракометен шампион Еурофарм Пелистер денеска и официјално го потврди своето ново засилување.
Станува збор за нов кружен напаѓач, а доаѓа од Египет. Репрезентативецот на најдобрата африканска селекција Ибрахим Калес Валид е нов член на Еурофарм Пелистер. 26-годишниот пивотмен се наметна во дресот на репрезентацијата на Египет, а во Македонија доаѓа од првакот на Турција, Бешикташ.
Корпулентниот Калес Валид е висок 195 сантиметри и изминатата сезона беше еден од најдобрите ракометари на турскиот тим во ЕХФ Европскиот Куп. Со најдобрата африканска репрезентација има постојан раст, откако влезе во кругот на националниот тим пред неколку години.
Официјалното претставување на Калес Валид се очекува на почетокот од подготовките за сезоната 2025/26 следниот месец во Битола.


































