Францускиот вицешампион Нант ја заврши сезоната со позитивен резултат, победувајќи ја Барселона со 30:25 во натпреварот за третото место во Лигата на шампионите.
Францускиот тим загуби убедливо од Фуксе Берлин во полуфиналето, додека Барселона претрпе драматичен пораз од Магдебург. Така каталонските гиганти не успеа да ја одбрани титулата освоена лани.
Нант веднаш поведе со 3-0, Барселона израмни на 4-4, но постојано заостануваше до крајот на натпреварот. Французите го одржуваа своето водство, а во текот на второто полувреме секогаш имаа барем три гола за предност.
Најдобар во победничките редови беше Каулди Одриозола со шест гола, Николас Турнат, Ајуб Абди и Валеро Ривера додадоа по четири гола . Иван Пешиќ со 14 одбрани (40 проценти).
Најдобар за Барселона беше Мелвин Ричардсон со осум гола, Дика Мем додаде пет. Голманите направија вкупно десет одбрани.
Попладнево во германското дерби за трофејот ќе се борат Фуксе Берлин и Магдебург играат во финалето.
За берлинската екипа, тоа е прво финале во Лигата на шампионите, додека Магдебург го игра второто. Овој тим пред две сезони (2023 година) имаше и можност го освои трофејот, .
Кој ќе се радува денеска останува да видиме по мечот што почна до 18 часот.






































