Младите ракометари на Еурофарм Пелистер останаа без можност да се борат за трофејот во младинската Лига на шампиони.

На завршниот фајнал-фор во Дормаген, Германија, а во првиот полуфинален меч, Еурофарм Пелистер е поразен од данскиот ГОГ Гудме.

Пелистерци беа рамноправи само во водените осум минути до кога резултатот беше израмнет (4-4). Данскиот тим со серија од четири голови се одлепи резултатски, а на полувремето веќе создаде голема предност 17-12. Во вториот дел младите дански ракометари континуирано ја зголемуваа разликата па на крајот славеа со 36-21.

Алем Хаџиќ и Карло Буторац со по четири постигнати голови беа најефикасните во редовите на пелистерци, но не доволно за финале.

така Еурофарм Пелистер утре (9 часот) ќе игра за третото место со поразениот од вториот полуфинален меч меѓу унгарскиот Веспрем и шпанската Барселона.