На терените на ТК Југ во Скопје последен ден од натпреварите во Третата Европска група во Дејвис купот.

Македонските тенисери веќе обезбедија прогрес во поквалитетната конкуренција односно Втората зона. РЕзултатот од мечот во двојки на дуелот Македонија – Летонија ќе го одреди пласманот на трите првопласирани репрезентации кои изборија пласман ранг повисоко.

Во првиот сингл меч младиот Кристијан Јанев беше поразен од Рихард Неиманис во два сета со идентични
3-6 и 3-6.

Вториот меч Калин Ивановски донесе триумф за Македонија совладувајќи го Арстурас Загарс со 6-3 и 6-4

Во игра во двојки Калин Ивановски и Стефан Мицов за противници ќе ги имаат Карлис Озолинс и Ерикс Лалеинис.