Женскиот ракометен клуб Чаир продолжува со составување и засилување на тимот за новата (следната) сезона.
Најново име во составот е 26-годишната Бразилка, Изабела Де Жезус Клементе Фереира, која доаѓа од португалскиот клуб Алавариум.
Фереира, која настапува на бековската позиција, е веќе познато име во португалското првенство, каде што важи за една од поискусните ракометарки.
Во текот на својата кариера, Изабела настапувала за „ACISEG/Guarulhos Sorocaba“ во Бразил, а во Португалија играла за Академијата за ракомет во Сао Педро до Сул, како и за Алавариум – клуб кој се наоѓа во горниот дел од табелата на португалскиот шампионат.
Ова засилување доаѓа откако ЖРК Чаир веќе го обезбеди потписот на македонската репрезентативна голманка Ема Кирова и перспективната ракометарка Мила Трајковиќ.
Ивона Кимовска
 
             
		