На терените на ТК Југ во Скопје продолжуваат натпреварите од Третата Европска група во Дејвис купот.
Македонската тениска селекција по вчерашниот триумф над Малта денеска е поразена од Црна Гора
Првиот меч траеше кратко бидејќи нашиот млад тенисер Амар Хусеиновиќ поради повреда, го предаде мечот на Кривокапиќ при водство на црногорскиот тенисер 2-4

ФОТО: mtftennis / Игор Паневски
Во вториот сингл меч.
Стефан Мицов загуби со 2-0 од Петар Јовановиќ, кој беше доминантен во текот на целиот меч кој на нашиот тенисер му препушти по само еден гем во двата сета.
На мечот во двојки и покрај повредата на теренот се појави Калин Ивановски кој заедно со младиот Кристијан Јанев покажаа добра игра. Мечот го доби дублот на Црна Гора со 2-0 во сетови (6:3 и 6:4).
Утре Македонија го игра клучниот меч, противник е Молдавија и со поддршка од трибините која ја очекуваат македонските тенисери ветуваат победа.


































