Ракометниот клуб Охрид, прави сериозен конкурентен тим и за следната натпреварувачка сезона. Охриѓани завршија зад водечкото трио Еурофам Пелистер, Вардар и Алкалоид, а беа и дек од фајнал-форот во Купот на Македонија.

Раководството на клубот, најави дека и во следната сезона тимот ќе биде сериозен противник на ривалите за највисок пласман.

Во таа насока оди и денешното ново засолување во тимот.

Имено нов член на ГРК Охрид е Давид Савревски.

Македонскиот репрезентативец игра на позицијата десен бек (195цм) и има само 22 години. Тој со Охрид се обврза на миниум две годинашна соработка.

Савревски доаѓа од РК Алкалоид по 3 сезони и настапи во Европските Купови, а пред тоа играше и за Вардар.