Македонскиот шампион Ѓорче Петров направи значајно засилување на бековската позиција со потпишување на 22-годишната Стефани Петрова од Бугарија. Петрова доаѓа од шпанскиот тим Маравиља.

Со искуството стекнато во Шпанија, таа ќе внесе дополнителна длабочина и брзина во играта на Ѓорче Петров.

Петрова беше дел и од кадетската, младинската и сениорската репрезентација на Бугарија. Особено впечатливо е што таа беше втор стрелец на Европскиот шампионат за младинки во 2021 година, кој се одржа во Италија.
Петрова имаше престој и во Италија, каде што играше една сезона за Ариосто Ферара, пред да се врати во домашното првенство како дел од тимот на Етар Велико Тарново.

Шампионот Ѓорче претходно се засили со пивотот Трпеска како и крилото Ѓеорѓиевска, голманката Јовановска како и сестрите Коцеви. Договорите ги продолжија и Ризоска, Дамјановска, Велкова и Флавија Габина.

Ивона Кимовска