По актуелниот светски шампион Аргентина, пласман на Мундијалот преку јужноамериканските квалификации обезбедија Бразил и Еквадор.
Во 16.коло од квалификациите Бразил го победи Парагвај со 1-0 на домашен терен во Сао Паоло. Тоа на новиот селектор на „кариоките“ Карло Анчелоти му ја донесе радост на ова афункција/
Натпреварот беше решен на самиот крај од првото полувреме. Во 44-тата минута, по акцијата на Рафиња и Куња, стрелец на единствениот гол беше Винисиус Жуниор.
Единствениот натпревар без голови се одигра во Перу помеѓу и Еквадор, но овој нерешен резултат им одговараше на гостите кои официјално се пласираа на Мундијалот.
Актуелниот светски шампион Аргентина одигра 1:1 во Буенос Аирес против Колумбија. Гостите поведоа во 24-тата минута по соло акција на Луис Дијаз.
„Гаучосите“ успеаја да израмнат на десет минути пред крајот на натпреварот со голот на Тијаго Алмеида.
До крајот на јужноамериканските квалификации остануваат уште две кола.
Најдобрите шест од репрезентацијата ќе се пласираат директно на СП, а седмопласираната ќе играат бараж.
