Борјана и Бојана Коцеви се новите засилувања во редовите на шампионот Ѓорче Петров.
По успешната сезона во дресот на Металург Автокоманда, двете талентирани ракометарки решија да направат нов чекор во кариерата и да се приклучат на актуелниот првак.
Тие имаат настапувано за тимот на Вардар каде се сметаа за едни од клучните играчи во екипата.
Близначките Коцеви потекнуваат од ракометната школа на Вардар каде ги поминаа сите младински категории.
Борјана игра на десната и левата бековска позиција , додека Бојана настапува на позицијата среден бек.
Сестрите Коцеви имаат настапувано и за младинските репрезентации, а во неколку наврати беа повикани и за сениорска репрезентација.
Шампионот Ѓорче претходно се засили со пивотот Трпеска како и крилото Ѓеорѓиевска и голманката Јовановска.
Додека договорите ги продолжија и Ризоска, Дамјановска, Велкова и Флавија Габина.
Ивона Кимовска





































