Со завршувањето на вториот Гренд слем тениски турнир годинава, Роланд Гарос, денеска се објавени најновите тениски рангирања.
Во ТОП 10-те има неколку промени, но не и на водечките три позиции.
Иако загуби во финалето, Јаник Синер и натаму е лидер со со 10.880 поени, додека шампионот од Париз, Карлос Алкараз е втор со 8.850. По нив е Александар Зверев со 6.385.
На сметка на Тејлор Фриц кој падна за три места и сега е седми, пред него се рангирани, Џек Дрејпер, Новак Ѓоковиќ и Лоренцо Мусети.
Тими Пол напредуваше за четири места и е осми, додека Руне и Де Мануир го заменија позициите девет и десет.
Најголеми „губитник“ по Роланд Гарос е Каспер Руд кој падна за осум места и сега е 16-ти.