По една успешна сезона, ракометарката Марија Јанкулоска одлучи да ја продолжи соработката со екипата на Металург Автокоманда.

Јанкулоска претходно настапуваше за ЖРК Ѓорче Петров, каде што се покажа како еден од клучните играчи и остави одличен впечаток.

Покрај неа, договорите со Металург ги продолжија и десното крило Гугуњанова, како и голманот Гошевска. Со тоа клубот задржува стабилна основа од минатата сезона.

Во подготовките за новата сезона, Металург веќе се засили со неколку нови имиња. Во тимот пристигнаа крилото Анастасија Никовска и бековите Јерсек, Божиновска и Колароска, со што екипата сериозно го зацврстува ростерот и амбициите за следната сезона.

Ивона Кимовска