Фудбалската репрезентација на Шпанија / Португалија е победник во годинашното издание на УЕФА Лигата на Нации. Португалците со Кристијано Роналдо во финалето во Минхен, по пенал „рулетот“ го совладаа европскиот шампион Шпанија.
По регуларниот дел резултат беше 2:2, а во продолженијата резултатот остана непроменет и по поуспешното изведување на пенали Португалија триумфираше.
Во регуларниот дел видовме неколку промени на резултатот. Шпанија го контролираше целиот прв дел во секој параметар па и прва поведе со голот на Мартин Зубименди во 21.та минута. На 1:1 изедначи Нуно Мендеш во 26.та минута, а пак Шпанија водството го врати на истекот на првиот дел во 45.та минута со голот на Микел Ојарзабал.
Во второто полувреме малку се променија улогите, Португалците притиснаа и имаа неверојатни шанси. Кога дојде моментот Кристијано Роналдо со неговиот гол во 61.та минута израмни на 2:2. Тоа е вкупно 938 гол за легендата на Португалија и фудбалот во неговата кариера.
Со 2:2 се заврши регуларниот дел. Во првиот дел од продолженијата резултатот остана непроменет. И по второто продолжение исто така немаше промена на резултатот па затоа победникот се одлучи по пенал рулетот.
И по пенал „рулетот“ поуспешни беа Португалците кои ги погодија сите свои пенали, а за Шпанија неуспешно шутираше Алваро Мората.
Кристијано Роналдо и Португалија по втор пат ја освоија Лигата на Нации, откако ги предводеше Португалците до првиот трофеј во првото издание на ова натпреварување.