Она што изминатиот период беше најавувано како промени во мак-фудбалот, доби верификација на седницата на УО на ФФМ. 

Освен системот на натпреварувања во сите лиги и неговото кратење, беа донесени и други низа на одлуки.

„Реформите кои ги најави раководството на Фудбалската федерација на Македонија се случуваат со конкретни одлуки и промени во натпреварувачкиот систем.

Го менуваме системот одвнатре, поставувајќи темели за пофункционален, поквалитетен и стабилен развој на МФЛ“, се вели во соопштението на ФФМ.

Статус за играчи од државите на Отворен Балкан

Клубовите од Прва МФЛ ќе имаат право да регистрираат до двајца играчи од државите на „Отворен Балкан“ (Албанија, БиХ, Косово, Србија и Црна Гора), кои нема да се сметаат за странци при регистрација.

Зголемување на таксите за регистрација на странски фудбалери

Со новата одлука, се зголемува износот на регистрациските такси за странски фудбалери, според следната скала:
За петтиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 6,500.00 евра;
За шестиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 9,000.00 евра;
За седмиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 11,500.00 евра;
За осмиот фудбалер / странец, таксата за регистрација ќе изнесува 16,500.00 евра;

Пропозиции за млади категории и фудбалери до 21 година за сезона 2025/26

– Во натпреварувачката сезона 2025/26 право на настап како фудбалери до 21 година имаат сите фудбалери родени на 01.01.2004 година и подоцна.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – младинци имаат фудбалери родени на 01.01.2007 година до 31.12.2009 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – кадети имаат сите фудбалери родени на 01.01.2008 година до 31.12.2010 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – пионери имаат сите фудбалери родени од 01.01.2009 година до 31.12.2011 година.
– Во натпреварувачката сезона 2025/26 година право на настап како фудбалери – помлади пионери имаат сите фудбалери родени на 01.01.2010 година до 31.12.2012 година.