Фудбалската репрезентација на Шпанија ќе има можност да го брани трофејот во УЕФА Лигата на нациите освоен минатата година.

Ова откако Шпанците вечерва во полуфиналето одиграно во Штутгарт ја надиграа и совладаа Франција со 5-4.

Актуелниот европски шампион победата ја најави уште во првиот дел кога постигна три гола, но еден беше поништен. Нико Вилијамс во 22.минута го отвори резултатот, а Микел Мерино три минути подоцна (25) зголеми на 2-0. Мрежата на Мињон ја затресе и Хујсен, но тој гол беше поништен поради офсајд.

Доминацијата „црвената фурија“ ја продолжи и во второто полувреме. Тандемот на Барселона, Јамал-Педри уште три пати ја погодија мрежата на „триколорите“.

Јамал од пенал во 54.минута зголеми на 3-0. веќе во следната акција во листата на стрелци се запиша и Педри (55.минута),

Пет минути подоцна Мбапе намали на 3-1, но Јамал со својот втор гол (67) повторно им донесе четири гола предност на Шпанците (5-1). До крајот на мечот Французите преку Черки (79) и автоголот на Вивиан (84), и погодокот на Коло Муани (90+3) само го ублажија поразот на конечни 5-4 за Шпанија.

Така Шпанија во недела во Минхен во дуелот против Португалија ќе има можност да ја брани титулата. Воедно и Португалците кои во полуфиналето беа подобри од Германија, исто така ќе атакуваат на вториот трофеј во ова натпреварување.