Во сабота во СЦ „Јане Сандански“ ќе се решава кој ќе биде ракометен првак на Македонија за сезоната 2024/2025.
Во директен дуел за шампионот трофеј ќе се борат лутите ривали Вардар и актуелниот првак Евруофарм Пелистер.
Влогот е голем, па и интересот кај љубителите на ракометот, особено двете навивачки групи „Комитите’ и „Чкембарите“ секако предничи.
Од таборот на вардарци пристигна информацијата дека сите карти за овој натпревар, се веќе распродадени.
Така во СЦ „Јане Сандански“ в сабота ќе „врие како во кошница“, за шампионскиот дуел кој ќе почне од 19.30 часот






































