Репрезентацијата на Португалија е првиот финалист во фудбалската УЕФА Лига на Нации. Ова откако Португалците во први0от полуфинален дуел славеа победа со пресврт на гостински терен против Германија со 2-1.
На дуелот одигран на „Алијанц“ арената во Минхен, популарните „морепловци“ со двата гола во само пет минути се радуваа на новото финале.
Сите три гола беа постигнати во второто полувреме. На радост на домашната публика Вирц во 48.минута и донесе предност на Германија со 1-0.
Сепак во 63-тата Семедо израмни на 1-1, а веќе во 68.минута Кристијано Роналдо донесе предност на Португалија од 2-1.
Тој резултат остана до крајот на натпреварот, па Португалците можеа да слават пласман во своето ново финале.
Во него во недела ќе го бркаат вториот трофеј во ова натпреварување и тоа против подобриот од утешниот дуел Шпанија – Франција (21 часот).