Македонскиот шампион Ѓорче Петров започна активно да го гради тимот за претстојната сезона, а првото засилување доаѓа на линијата на пивот.
Се работи за младата перспективна ракометарка Анастасија Трпевска. По две успешни години во редовите на Металург, Анастасија повторно се враќа во својот поранешен клуб – Ѓорче Петров.
Младинската репрезентативка претходната сезона беше во одлична форма, а во Металург пристигна токму од Ѓорче Петров. Сега, со стекнато искуство и докажан квалитет, Анастасија ќе го засили тимот на Ѓорче Петров во новата сезона.
Од тимот на Ѓорче Петров си замина Анастасија Николовска која настапуваше на позицијата лево крило.
По трансферот на Трпевска, се очекува Ѓорче Петров во наредниот период да претстави уште неколку засилувања за претстојната сезона, со цел да го засили тимот и да ја одбрани титулата.
Ивона Кимовска