Полскиот ракометен клуб Млинови Стоислав Кошалин го потврди потпишувањето на договорот со 21-годишната македонска репрезентативка Ивана Арсениевска.
Ивана е дел од македонската репрезентација од 2022 година и во краток рок се истакна како една од најперспективните млади ракометарки во државата.
Ивана пред да потпише за полскиот тим една сезона настапуваше за Униреа Слобозија во Романија.
Во сезоната 2021/2022, Арсениевска го освои Купот на Македонија и беше прогласена за МВП, најдобра и најперспективна играчка на турнирот, што ја потврди нејзината доминантна улога на теренот.
Арсениевска досега настапуваше на големи натпреварувања како Европското првенство во 2024 година кое се одржа во Австрија, Унгарија и Швајцарија. Ивана беше дел од македонската младинска репрезентација и учествуваше на младинските Европски првенства на ЕХФ.
Ивона Кимовска