Ракометарите на Вардар се освојувачи на Купот на Македонија. Во финалето на завршниот турнир во Охрид, Вардар го совлада „лутиот“ ривал Еурофарм Пелистер со 31-27.

Вардарци уште од самиот почеток ја наметнаа својата игра. Тие постојано беа во водство, а во 10-тата минута имаа и +5 (7-2). Битолчани со низа од четири гола се вратија во игра и намалија на 7-6. Сепак, црвено-црните не му дозволија на противникот да стигне до израмнување, па на полувреме Вардар замина со предност од 17-14,

Во второто полувреме, вардарци ја продолжија својата игра, па во 37.минута имаа најголеми пет гола разлика (21-16). Битолчани во неколку наврати успеваа да намалат на 2 разлика, но благодарени на голманот Еспиња, вардарци повторно ја вратија разликата на +5.

Младен Крсманчиќ со 7 и Тимислав Јагуриновски со 6 постигнати голови, беа најдобрите стрелци во победничката екипа. Во поразениот тим на Е.Плистер, воедно и на натпреварот, најефикасен беше Богдан Радивојевиќ 8 голови.

За Вардар ова е 17-тиот трофеј во Купот на Македонија, а сезоната може да ја заврши со двојна круна.

Вардарци и пелистерци имаат ист број на бодови на две кола до крајот на првенството, па дуелот во Скопје во последната рунда ќе биде решавачки за шампионскиот трофеј.