Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги продолжува подготовките за седнете два мундијалски квалификациски натпревари.

Во третиот натпревар од квалификациите, Македонија ќе ја има досега најтешката задача. Црвено-жолтите ќе игра со фаворит во нашата група Белгија.

Кристијан Трапановски смета дека тактички мора да бидеме на највисоко ниво за да се обидеме да се спротивставиме на Белгијците.

„Мотивацијата во тимот е на највисоко ниво.

Ова за нас се последни натпревари оваа сезона, мислам дека сме подготвени.
Имаме почит кон секого и мислам дека ќе имаме добар пристап, најпрвин со Белгија, а потоа со Казахстан.

Индивидуално, Белгија има топ фудбалери, но сметам дека ако тактички добро се подготвиме, може да им се спротивставиме“,
вели Трапановски.

Дуелот против Белгија, за која тоа ќе биде прв меч во квалификациите, ќе се игра во Скопје, во петок (6 јуни). Три дена подоцна  (9. јуни), за македонските фудбалери ќе следува гостувањето во Астана кај Казахстан.