Најдобрата фудбалска репрезентација на Македонија ги одработува подготовките за двата натпревари во квалификациите за СП 2026 година.

Македонските фудбалери ги очекуваат настапите против Белгија на домашен терен во петок (6 јуни) и три дена (6 јуни) подоцна во Астана каде му гостуваат на Казахстан.

Тихомир Костадинов верува дека сите репрезентативци ќе го дадат максимумот и дека ќе ја продолжат низата на позитивни резултати.

„За Белгија многумина мислат дека е послаба селекција од претходниот. Јас не мислам така.

Имаат фудбалери кои играат во топ 5 лигите во Европа, а тоа самото за себе говори каков квалитет имаат.

Се фокусираме на максимален пристап против Белгија, ќе бидеме подготвени. Имаме малку повеќе време за подготовка и треба да го искористиме. Сфаќаме дека играме два многу важни меча во квалификациите.

Мотивирани сме секогаш кога играме за Македонија, без оглед на заморот и повредите.
истакна Костадинот.