ФК Вардар има поинакви планови за следната сезона 2025/26 и ќе има видно изменет тим.

Од таборот на црвено-црните дека информираа дека нема да ги продолжат договорите со петмина фудбалери. Тимот го напуштаат: Јасмин Мециновиќ, Николче Шаркоски, Александар Ѓурковски, Џибрил Дианеси и Михал Пинтер.

    На трансфер листа на Вардар без обештетување е голманот Филип Гачевски.

    Во тек се преговори со, Методија Велковски и Ненад Мишковски, а вардарци потпиша 4-годишен договор со 20-годишниот досегашен голман на Тетекс, Или Зибери.

    Во периодот што следува се очекува Вардар да ангажира повеќемина нови фудбалери. Со нив Вардар прво ќе настапи во квалификациите за Конференциската лига, а потоа и во домашното првенство и купот, седната сезона.