Екипата на Ѓорче Петров е првиот финалист на завршниот Ф4 турнир од Купот на Македонија, откако во полуфиналето убедливо го совлада тимот на Вардар со 38:19.

Ѓорче започна моќно и поведе со 3-0, но вардарки брзо се вратија и израмнија на 4-4. Сепак, шампионките одново ја презедоа контролата и со серија од 5-1 поведоа со 10:5. Вардар се обидуваше да ја намали негативата, но Ѓорче ја задржа предноста и на полувреме замина со солидни 19:12.

Во второто полувреме, Ѓорче целосно ја наметна својата игра и беше незапирлив. Во 41-та минута веќе имаа предност од +10 (25:15), а со серија од 8-0 стигнаа до највисоката разлика од 36:16. До крајот рутински го приведоа натпреварот и заслужено се пласираа во финалето со убедлива победа од 38:19.

Најефикасни од Ѓорче Петров беа Коларовска со шест и Вранчиќ и Дежиќ со пет гола, додека од Вардар Миленковска даде шест погодоци.

Цо второто полуфинале ќе играат Металург Автокоманда и Чаир.

Финалниот натпревар е закажан за утре со почеток од 16:00 часот, каде Ѓорче Петров ќе има шанса да стигне до нов трофеј во македонскиот Куп.

Иона Кимовска