Eкипата на Чаир е вториот финалист на Купот, откако во драматично полуфинале успеа да го совлада Металург со резултат 22:20.
Со оваа победа, Чаир си обезбеди место во големото финале, каде ќе се бори за трофејот и заокружување на успешната сезона.
Натпреварот започна израмнето, со двете екипи кои се менуваа во водство сè до 13-тата минута, кога Металург успеа да поведе со 6:4. Иако кратко време ја одржуваа предноста, Чаир брзо се врати во игра и израмни на 8:8. Металург веднаш одговори со серија од два гола и повторно поведе со 10:8, но Чаир и овојпат најде начин да израмни на 10:10. Сепак, на паузата Металург замина со минимална предност од 11:10.
Во второто полувреме повторно се водеше израмнета борба, при што двете екипи се менуваа во нападите, но без да успеат да се одлепат на резултатската табла. Клучниот момент се случи во 49-тата минута, кога Чаир направи серија од 4:0 и за првпат поведе со 21:17. Металург не се предаде и со големи напори успеа во 57-та минута да се доближи на 22:20. Имаа шанса да намалат на само еден гол разлика, но не ја искористија. Чаир тоа го казни и го задржа водството до крај, славејќи со конечни 22:20.
Најефикасна од Чаир беше Дукоска со осум погодоци, додека од Металург Јанкулоска даде пет гола.Претходно Ѓорче успеа да обезбеди пласман во финалето откако го совлада Вардар со 39:18.
Така ракометарките на Чаир како и лани во финалето за трофејот ќе се борат со Ѓорче Петров, кој претходно во полуфиналето го совлада Вардар
Ивона Кимовска
 
             
		