Македонските фудбалери се подготвуваат за дуелите со Белгија и Казахстан во квалификациите за Светското првенство 2026.
Еден од најискусните фудбалери во националниот тим Александар Трајковски верува дека сите ќе го дадат максимумот на претстојните дуели.
„Па добро секако сега е крајно сезона, сите играчи извршуваат во своите клубови. Сепак овој циклус е многу важен за нас и мислам дека ние мораме максимално да се да се фокусираме циклус, затоа што играме со Белгија, а потоа со Казахстан.
Мислам дека сите треба да се ставаат функција на тимот максимално, и максимално да го извлечеме најдоброто во овие две утакмици“, вели Трајковски.
Тој очекува да се продолжи успешниот старт на овие мундијалски квалификации. Во нив Македонија по два меча има 4 бода и е прво пласирана во групата.
„Мораме максимално да се подготвиме за таа натпревар. Мислам дека селекторот ќе ни покаже што и како ќе се подготвуваме за таа натпревар.
Имаме доволно време да се подготвите добро и тактички и ментално и физички, така да мислам дека ќе биде добро“, додава Трајковски.
Првиот противник Белгија е топ фаворит во нашата група, а за нив дуелот со Македонија ќе биде прв во квалификациите. Тие секако ќе имаат мотив да стартуваат со победа, но мотивот нема да изостане и во таборот на црвено-жолтите.
„Во нивната селекција имаат доста нови играчи, нема да биде лесно.
Мотив мора да постои за секоја утакмица, а сепак кога играш против една Белгија, тука треба максимално да бидеш мотивиран“, завршува Трајковски.
првиот дуел со Белгија ќе се игра на арената „Тодор Проевски“ на 6 јуни, а три дена подоцна следува гостувањето во Астана, кај Казахстан.






































