Екипата на Дубаи не се откажува од идејата во дебитантската сезона на АБА лигата да игра финале.

Во вториот полуфинален дуел со белградски Партизан, Дубаи по продолжение славеше со 100-95. Триумфот дојде по продолжението од пет минути, откако на крајот на регуларните 40 минути резултатот беше израмнет 85-85.

Со овој триумф Дубаи израмни на 1:1 во во победи и се избори за решавачки трет натпревар. Мајсторката ќе се игра во Белград во недела (1 јуни).

А, вечерва пак таму, актуелниот шампион Црвена Звезда ќе мора да го совлада тимот на Будуќност доколку сака „мајсторка“. Ова откако црногорската екипа пред три дена го доби првиот дуел убедливо со 104-70. Тој натпревар ќе почна во 20 часот.