Македонската фудбалска селекција на почетокот на јуни месец ја очекуваат два нови натпревари во квалификациите за Светското првенство 2026.

Репрезентацијата утре се собира во Скопје, каде ќе ги одработи мини подготовките за дуелите со Белгија (дома) и Казахстан (гости).

Дуелот против топ фаворитот Белгија ќе се игра на 6 јуни на арената „Тодор Проесвки“ во Скопје.

Попладнево во продажба ќе бидат пуштени картите за овој натпревар. Тие ќе се продаваат по цена од 300 и 400, а мал број по 500 денари и тоа онлајн на платформата на ФФМ за продажба на карти eticket.ffm.mk (ОВДЕ ЛИНК)

Дуелот против Казахстан ќе се игра во Астана на 9 јуни.

Селекторот Благоја Милевски денеска го соопшти списокот на фудбалери на кои може да смета за овие натпревари.

Следете нé на социјалните мрежи