Екипите на Будуќност и Партизан поведоа во полуфиналните серии со Црвена Звезда и Дубаи во плеј-офот на АБА лигата.

Домашниот терен се покажа како голема предност во првите дуели од серијата што се игра на два добиени натпревари.

Во Подгорица, Будуќност го надигра актуелниот шампион Црвена Звезда со убедливо 34 поени разлика 104-70.

Мечот го одбележа 20-минутиниот прекин во вториот дел. По еден дуел на Изеа Кенан и Никола Танасковиќ, дојде до „кошкање“ меѓунив, по што соиграчите мораа да ги разделат. На навивачите на Будуќност тоа не им се допадна и неколку предмети летнаа на теренот од трибините. По сугестија на арбитрите гостите од Белград го напуштија теренот и останаа во соблекувалната. Откако дел од трибините беа испразнети натпреварот продолжи и заврши со мирен крај, без дополнителни инциденти.

Партизан пак немаше проблеми во Белград да слави убедливо во дуелот со Дубаи. Црно-белите го добија натпреварот со 30 поени разлика 102-72.

Реванш натпреварите во Белград и Дубаи ќе се играат во четврток на 29 мај. Евентуалните мајсторки се закажани на 1 јуни.