Полека привршува ракометната сезона во Македонија, а возбудувањата допрва претстојат. Трката за шампионската титула станува неизвесна, а допрва ќе се играа и завршницата на Купот.

Претстојниот викенд во Охрид ќе се играат полуфиналните и финалниот натпревар во машка конкуренција.

Организаторот ГРК Охрид информира дека од среда (28 мај) ќе бидат пуштени во продажба картите за овие натпревари.

Поединечно за полуфиналните дуели тие ќе чинат по 200 денари. Како „пакет“ за двата натпревари ќе се продаваат по 300 денари. По истата сума (300 денари) ќе продаваат влезниците за финалниот меч.

Картите ќе се продаваат во Охрид, кај „Аждер“ и на билетарата при СРЦ „Билјанини извори“ од 18 до 20 часот секој ден.

Полуфиналните натпревари ќе се играат во сабота (30 мај), а двојките се: Алкалоид – Вардар (17 часот) и Еурофарм Пелистер – Охрид (19.30 часот).

Победниците во недела од 17.30 часот ќе го играат финалниот меч за куп трофејот.

Следете нé на социјалните мрежи