Ракометарите на Вардар забележаа тешка, но важна победа на гостувањето во Охрид.
Во натпревар од 7.коло на плеј-оф суперлигашката конкуренција Вардар го победи Охрид со 25-21.
Во првиот дел домашниот тим одигра одлично особено во втората половина. Имаа охриѓани и три гола предност, а на одмор заминаа со +1 (12-11). Во второто полувреме Вардар ја зацврсти играта во одбраната и полека ја презема контролата над резултатот. Вардари во завршните десетина минути целосно го скршија отпорот на противникот и заслужено на крајот се радуваа на победата.
Најдобар стрелец во победничката екипа беше Борозан со 5 голови, додека по 4 постигна Јагуриновски и Родригез. Пет гола за домашната екипа на Охрид, постигна Јапонецот, Матцуока, а четири Кукуловски
Со оваа победа Вардар се врати на првото место на табелата со 17 бодови колку што има и актуелниот шампион Еурофарм Пелистер кој е втор.
 
             
		
