Попладнево ќе го дознаеме последниот тим што следната натпреварувачка сезона ќе игра во Првата македонска фудбалска лига.
Во Кавадарци, екипите на Беса и Башкими ќе го играат баражот за пополнување на Првата лига.
Иако овој натпревар, првично требаше да се игра вчера во Скопје, сепак по барање на МВР, тој беше презакажан.
Целта на двете екипи е јасна, победа и место меѓу најдобрите дванаесет. Улогата на благ фаворит ќе ја има екипата на Беса која на последните четири натпревар од Првата лига оствари три победи.
Дуелот во Кавадарци ќе почне во 17 часот.
































