Денеска се одиграа трите бараж натпревари за пополнување на Втора македонска фудбалска лига.
Пласман во Втората лига за следната сезона обезбедија Шкендија Арачиново, Слога Виница и Тетекс.
Во Кавадарци, Шкендија Арачиново со 2:1 успеа да слави против Осогово и со тоа да обезбеди промоција во Втора МФЛ.
Тимот од Арачиново со голот на Ѓорѓиоски во 37. минута од пенал дојде во водство од 1:0. Осогово израмни во 52. минута со голот на Симоски, а победата за Шкендија ја донесе Иљази во 59. минута за 2:1.
На тренинг центарот “Петар Милошевски”, Слога Виница беше убедлива против Преспа, славеше со 3:0 и се врати во ВМФЛ.
На стадионот во Ѓорче Петров, Тетекс до 87.минута имаше сигурни 2:0, но тимот на Горно Коњари со два гола за три минути израмни на 2:2 и следуваа изведуваат пенали.
Во пенал – серијата поуспешни беа фудбалерите на Тетекс кои во следната сезона ќе играат во Втората лига по пауза од една година.
































