Попладнево ќе се одиграат трите бараж натпревари за пополнување на Втората македонска фудбалска лига.
По нив ќе го дознаеме последните три екипи кои следната сезона 2025/26 ќе бидат дел од второлигашкото друштво.
Најинтересно се очекува да биде во Кавадарци, каде ќе играат кочанската екипа на Осогово и Шкендија од Арачиново. Во Ѓорче Петров „битка“ за Втората лига ќе водат Тетекс и Големо Коњари. Третиот дуел а на теренот „Петар Милошевски“ крај ФФМ, ќе играат Преспа и Слова Виница.
Сите три натпревари ќе полнат од 17 часот, термин во кој утре ќе се игра и баражот за пополнување на Првата лига.
По барање на МВР, натпреварот помеѓу Беса и Башкими, наместо денеска на Чаир, во Скопје, ќе се игра утре во Кавадарци.
 
             
		