Овој викенд се игра последното коло од женската Супер лига, во рамки на плеј-офот и плеј-аутот. Плеј-офот кај дамите ни носи два интересни натпревари.

Денес ќе се одигра првиот натпревар помеѓу екипите на Вардар и Чаир. Овој меч е закажан со почеток од 19:30 часот и ќе се игра во ,,7-Март”. Се очекува да биде интересен натпревар со резултатска неизвесност.

Воедно во исто време ќе се одигра и еден натпревар од плеј-аутот каде Овче Поле ќе го пречека тимот на Шампион во Свети Николе.

Утре не очекува вистински дерби натпревар помеѓу шампионот Ѓорче Петров и вицешампионот Металург. Овој дуел ќе се одигра во салата „Христо Батанџиев“, со почеток од 17:30 часот. Натпреварот ветува квалитетна ракометна пресметка и голема борба.

Утре се закажани и останатите натпревари од плеј-аутот. Во Битола, со почеток во 18:00 часот, Пелистер 2012 ќе ја пречека екипата на Стружанка. Подоцна, со почеток од 20:00 часот во ,,Круме Кепески”, Спартак ќе се соочи со тимот на Ѓорче Петров МРК.

Последниот натпревар од ова коло ќе го одиграат екипите на Куманово и Астибо. Дуелот е закажан за во недела, со почеток од 12:00 часот, и ќе се одигра во Штип.

Слободен ова коло е тимот на Деспина.

Ивона Кимовска