Екипата на Оклахома трет пат во својата историја го имаат најдобриот играч во регуларниот дел од сезоната на НБА лигата. По Кевин Дурант и Расел Вестбрук, признанието за најкорисен играч (MVP) му припадна на Шаи Гилгиус-Александер.
Канаѓанецот го водеше својот Тандер до најдобриот резултат во лигата во регуларната сезона со 68 победи и само 14 порази.
Во него, Гилгиус-Александер имаше просек од 32,7 поени, 6,4 асистенции, 5 скока, 1,7 украдени топки и 1,0 блокади по натпревар.
Тој ефект беше повеќе од доволен далеку зад себе да ги остави конкурентите, Србинот, Никола Јокиќ и Гркот, Јанис Антетокумпо.
Ова е седма година по ред признанието МВП да го освои странски играч, а последниот Американец со трофејот беше Џејмс Харден (2018 г.).