Актуелниот шампион МЗТ Скопје Аеродром со убедлива победа ја отвори финалната серија со ТФТ.

Во првиот натпревар одигран во СЦ Јане Сандански, аеродромци славеа со 67-49.

Во дуелот со мал број на поени, пресуди поголемата желба на домаќинот за победа. Во втората четвртина гостите од Тафталиџе постигнаа само 6 поени, а МЗТ на одмор замина со 15 предност.

Војдан Стојановски го заврши натпреварот со 12. поени, неговиот брат Дамјан имаше 11.

Во бледото издание на ТФТ, Говенс и Стојаноски дадоа по девет поени,

И во вториот меч, кој многу веројатно ќе се игра на 26. мај (понеделник), домаќин ќе биде МЗТ.

FOTO: MATEJCO