Кошаркарите на Оклахома Сити Тандер победнички ја почнаа финалната серија со Минесота во западната конференција на НБА плеј-офот.
Пред своите навивачи Оклахома го доби првиот меч со убедливи 114-88.
Гостите од Минесота водеа со 48-44 на полувреме, откако Рендл постигна 20 поени и погоди 5 од 6 тројки.
„Тандер“ имаа серија од 10-0 во третата четвртина и поведоа со 66-60. Оклахома ја доби третата четвртина со 32-18 и во последната влегоа со 10 поеми предност (76-66). Шаи Гилџус-Александар постигна 20 од своите 31 поен во второто полувреме, па триумфот беше убедливо потврден.
Џулиус Рендл постигна 28 поени за Минесота, но само осум во второто полувреме. Ентони Едвардс, кој во плејофот имаше просек од 26,5 поени по натпревар, беше ограничен на 18 поени со 5 од 13 шутеви.
И вториот натпревар во серијата подобар до четири победи ќе се игра во Оклахома Сити во четврток во 2.30 часот.




































