Кошаркарите на Работнички и МКК Куманово денеска ќе го одиграат последниот за нив натпревар во оваа сезона.

Двата тима беа елиминирани во полуфиналето на плеј-офот, па сега им останува да играат во утешниот дуел за третото место.

Но, натпреварот не е без резултатско значење, напротив. Победникот од овој натпревар многу веројатно ќе обезбеди пласман во АБА 2 лигата во наредната натпреварувачка сезона 2025/2026.

Поради подобриот пласман во регуларниот дел од сезоната, Работнички ќе има предност да игра на домашен терен. За разлика од претходните плеј-оф натпревари сега тимот на Работнички ја одбра салата на СЦ „Кале“.

Почетокот на натпреварот е закажан во 19 часот.