Во кошаркарското првенства на Македонија на програмата е разигрувањето односно полуфиналето на плеј-офот.

Екипите на Работнички и ТФТ ќе го играат третиот полуфинален натпревар.

Тимот на ТФТ во него ќе влезе со предност од 2:0 во победи откако ги доби двата дуели одиграни пред својата публика. Но на вечерашниот натпревар екипата од Тафталиџе нема да може да смета на поддршката на својата публика.

„Поради забрана за гостински навивачи од страна на домаќинот КК Работнички, утре, на 18.05.2025, нашите поддржувачи нема да можат да присуствуваат на натпреварот.
Иако физички нема да бидеме заедно на трибините, знаеме дека вашата поддршка ќе ја почувствуваме и од далечина.“

информираа од екипата на ТФТ.

Доколку и на денешниот тимот од скопската населба Тафталиџе слави победа, тогаш ТФТ ќе стане првиот финалист.

Работнички по вториот пораз остана без тренерот Горан Самарџиев, па младиот Нермин Пепиќ ќе треба да го „спасува“ Работички. Тимот од „градски парк“ нема право на грешка, па пораз ќе значи крај на сезоната.

Денешниот натпревар меѓу Работнички и ТФТ што ќе се игра во Кисела Вода, ќе почне од 20.30 часот

Исходот од овој дуел го чекаат кошаркарите на актуелниот шампион МЗТ Скоп Аеродром тим кој вчера и по трет пат во полуфиналето беше подобар од Куманово, па аеродромци изборија место во финалето.