Во пресрет на финалето на Купот на Македонија, од ФФМ почнаа со кампањата „Игра без говор на омраза”
Капитените на тимовите од ПМФЛ обединети во пораката: Фудбалот е за почит, заедништво и фер-плеј!
Од Фудбалската федерација порачуваат:
„Говорот на омраза нема место во фудбалот”!
Поддржи фер игра – на теренот и на трибините.
Финалето на Купот на Македонија меѓу Вардар и Струга Трим Лум, ќе се игра во среда (21 мај), на арената “Тодор Проески” од 20 часот.