Сезоната во македонскиот фудбал e пред самиот кра. Денеска бea одиграни последните натпревари во Првата лига.
Последното коло ја реши и последната дилема, која тим ќе игра во баражот за опстанок.
Тоа е екипата на Беса која иако славеше на гостувањето во Битола кај Пелистер сепак остана на 10-тото место кое води во баражот за опстанок во елитата.
Ова откако и АП Брера пред своите навивачи, во Струмица, го совлада Работнички, па со бод повеќе заврши пред Беса.
Екипата на Шкендија иако поразен од второ пласираниот Силекс пред својата публика, го прослави шампионскиот пехар.

Тетовската и кратовската екипа заедно со Работнички веќе имаа обезбедија настап на европската сцена, а кој ќе биде последниот тим ќе дознаеме по одигрувањето на финалето на Купот во среда.
Тогаш за трофејот, ќе се борат Вардар и Струга Трим Лум, дуел со кој практично ќе биде заокружена сезоната во мак-фудбалот.
ТАБЕЛА ПМФЛ by SportPlus Macedonia | СПОРТ ПЛУС МАКЕДOНИЈА




































