Ракометарите на Еурофарм Пелистер остварија победа од 34:30 (17:14) во единствениот натпревар одигран вечерва во рамки на 7.коло од плеј офот од Супер лигата. Тие на домашен терен во Битола го совлдаа тимот на Охрид, иако гостите подобро го почнаа натпреварот. Со новите два бода битолчани се изедначија бодовно со тимот на Вардар.
Во првите минути од дуелот гостите од Охрид имаа предност, која во неколку наврати беше и два гола. Но, последн пат Охрид водеше со 9:8. Во продолжение првакот со серија од 6-0 дојде до водство од 14:9 што се покажа и како решавачко.
Во финишот на дуелот Охрид намали на 28:26, но битолчани со нова серија од 4-0 стигнаа до 32:26 и ја најавија победата.
Најефикасен на дуелот беше капитенот на Е.Пелистер Филип Кузмановски со 9 голови, додека кај Охрид Никола Јукиќ беше стрелец на 7 голови.
На вчера одиграниот дуел Вардар го совлада Бутел со 37:30, додека натпреварот Тиквеш – Алкалоид е одложен поради утрешниот настап во финалето на Алкалоид во Европскиот куп.
Табела: Вардар 15 бодови, Еурофарм Пелистер 15, Алкалоид 9, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 2.





































