Ракометарите на Вардар не го испуштаат врвот на табелата откако вечерва во првиот дуел од 7.коло од плеј офот од Супер лигата како „домаќини“ во салата во Бутел го совладаа истоимениот ривал со 37:30. Во договор на двата клуба „домаќинствата“ беа заменети. Вардар
На почетокот на натпреварот бутелчани подобро се снајдоа и имаа предност од три разлика 6:3 и 7:4, но „црвено-црните“ со серија од 7-0 го презедоа водството и не дозволија поголеми проблеми. Во вториот дел Вардар во неколку наврати имаше и двоцифрена предност од десет разлика, која ракометарите на Бутел ја ублажија.
Најефикасен на дуелот беше Дмитро Хорига (Вардар) со 7 голови, додека кај Бутел најпрецизен беше младинскиот репрезентативец Дамјан Субашевски со 6 голови.
Утре се игра дуелот меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид, додека поради настапот на Алкалоид во финалето на Европскиот куп против АЕК нивното гостување во Кавадарци кај Тиквеш е одложено.
Вардар е прв со 15 бодови, пред Е.Пелистер со 13, а Алкалоид има 9.





































