Четири кола остануваат до крајот на сезоната во машката ракометна Супер лига.
Битката за шампионскиот трофеј е неизвесна бидејќи Вардар и Еурофарм Пелистер имаат идентични 13 бодови. Затоа секој неочекуван „кикс“ може скапо да го чини, едниот или другиот тим, освојување на титулата.
Седмото плеј-оф коло ќе стартува денеска со дуелот во кој каде лидерот на табелата Вардар го пречекува Бутел. За утре (сабота) закажан е натпреварот во Битола меѓу Еурофарм Пелистер и Охрид.
Последниот дуел од оваа рунда Тиквеш – Алкалоид е одложен поради настапот на Алкалоид во финалето на ЕХФ европскиот Куп.
СУПЕР ЛИГА МАЖИ (ПЛЕЈ-ОФ) 7.КОЛО
ПЕТОК 18:00 ВАРДАР – БУТЕЛ
САБОТА 19:00 ЕУРОФАРМ ПЕЛИСТЕР – ОХРИД
ОДЛОЖЕН ТИКВЕШ – АЛКАЛОИД
ТАБЕЛА (плеј-оф): Вардар 13 бодови, Е.Пелистер 13, Алкалоид 9, Охрид 5, Тиквеш 3, Бутел 3.





































